РОДЕНДЕНСКИ ПОДАРОК


Првиот краток филм кој збори за мултипла склероза во Р.С. Македонија. Филмот прикажува и обработува една екстремно сензитивна тема фокусирана на здравјето и социјалните аспекти преку призмата на борбата на главната хероина со нејзината хронична болест на една рака и недостатокот на емпатија и социјални граници на другата. Повеќе од 2.5 милион луѓе низ светот страдаат од мултипла склероза (МС). Болеста главно се појавува кај младите возрасни луѓе во нивните најпродуктивни години, помеѓу 20 и 40 години (две третини). Симптомите на МС се: Субјективни сензорни вознемирувања, намалување на квалитетот на видот, губење на сила во еден или повеќе екстремитети, губење рамнотежа и вртоглавица.