На првото издание на Младински Филмски Фестивал Скопје 2020 пристигнаа првите 100 апликации од млади и талентирани филмаџии.
Апликациите се отворени до 20 август на платформата filmfreeway, а право да испратат свој филм имаат сите автори до 24 години од целиот
свет. На официјалната селекција на МФФ ќе влезат 20 кратки филмови распоредени во 3 програми: домашна (само за автори од Македонија),
кратки играни филмови и кратки документарци. До сега пријавени филмови има од Италија, Франција, Полска, Данска, Норшвека,
Ирска, Србија, Хрватска, Украина, како и Бразил, Индија, Кореа и Иран. Официјалната селекција ќе биде објавена на 21. Август 2020.