ПРЕМИЕРА НА „МАЛЕЧКА“ ОД АНА АНДОНОВА

Фотографија од филмот „Малечка“.


Првата вечер на Младински Филмски Фестивал ќе имаме официјална премиера на краткиот игран филм „Малечка“ на Ана Андонова. „Малечка“ е приказна за Лилјана која е приморана да се мажи за човекот кој не го сака и приказна за нејзината помала сестра Кети која сака да се дружи со нејзината другарка која никој не ја сака. Ана Андонова е родена 1999 година и студира мултимедија во АУЕ ФОН Универзитетот во Скопје. Со фотографија и филм се занимава од 2014 година.



Ана Андонова - режисерот на филмот „Малечка“.

На премиерата ќе гостуваат дел од екипата со актерите во филмот, кои ги толкуваат: Мартина Стерјоска, Меланија Серафимовска, Мила Ефкоска, Марко Богдановски, Маја Марковска и Вера Јаневска. По проекцијата публиката ќе има можност да постави прашања.



Постерот од филмот „Малечка“.