КАДЕ Е КУЌАТА НА ТАТКО МИ?


Луиза, 10 годишно девојче на разведени родители, дознава дека нејзината мајка нема да може да присуствува на завршната приредба во нејзиното училиште за денот на татковците. Таа се решава да избега од дома кај својот татко и да го покани лично на приредбата.