Заврши отворениот повик за аплицирање на кратки филмови за автори до 24 години од целиот свет. Фестивалот ќе се одржи на 28 и 29 август во Скопје, Кинотека на Македонија, а селектираните филмови ќе бидат објавени во текот на утрешниот ден. На повикот пристигнаа вкупно 1300 филмови од млади и перспективни режисери од Македонија, Србија, Босна, Хрватска, Романија, Украина, Русија, Норвешка, Ирска, Шпанија, Франција, Германија, Америка, Бразил, Иран, Кина, Кореа, Јапонија. Фестивалот ќе селектира вкупно 20 кратки филмови распоредени во 3 програми и тоа: 10 во категорија домашна програма, 6 во кратки играни и 4 кратки документарци. Филмовите ќе се прикажуваат двата фестивалски дена со почеток од 20 часот.